Шпанија и Чешка финалисти во Дејвис купот

Од:

Тениските репрезентации на Чешка и Шпанија ќе играат во финалето во Дејвис купот.

Чесите до финалето ги однесе Томаш Бердих, кој го освои решавачкиот трет поен, нешто слично на дуелот Шпанија-САД направи Давид Ферер кој го победи Џон Изнер.

Бердих во решавачкиот меч со 3:0 го победи Карлос Берлок, откако Хуан Мартин дел Потро го откажа настапот поради повреда.

Третиот поен за Шпанија го донесе Давид Ферер со победата над Американецот Џон Изнер со 3:1 во сетови.

Финалето во Дејвис купот ќе се одигра од 16-ти до 18-ти ноември, а домаќин ќе биде Чешка.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ