Светскиот првак Шпанија ја забележа и втората победа на светското првенство во Катар.
Со многу искуство и рутина тимот на на Маноло Каденас го совлада Бразил со 29:27 (19:17).
Со водство во текот на сите 60 минути „црвената фурија“ стигна до значајни бодови и квалификација во осминафиналето. Јоан Канељас со 9 гола беше прво име на средбата, а одлични беа и Ривера со 7 и Агинагалде со 4 гола.
Кај Бразил на шпанскиот тренер, Рибера најефикасен беше Толедо со 5 гола.