Шкода го претстави моделот Карок

Од:

По подолгата воведна кампања Шкода официјално го претстави својот нов кросовер Карок, кој ќе се придружи на групациските модели VW и Tiguan.

Наследникот на Шкодиниот успешен модел Јети е креиран според примерот на поголемиот модел Кодиак од кој визуелно се одвојува со покомпактната каросерија и некои каросериски елементи, во прв ред на новодизајнираните куќишта на предните и задните LED светла.

Третиот член на друштвото во кое припаѓаат Tiguan и SEAT Ateca, Karoq е долг 4.382, широк 1.841 и висок 1.605 милиметри. Меѓуосовинското растојание изнесува 2.638 милиметри, а зафатнината на багажот е од минимални 521 до максимални 1.810 литри (со извадени задни седишта).

На познатите групациски бензински и дизелски мотори приклучен е и 1,5-литарскиот TSI Evo мотор со 150 КС, кој VW премиерно го претстави во редизајнираното издание на Голф 7. Тука е и литарскиот 3-цилиндерски турбо бензинец кој нуди 115 КС, но и популарниот 1,6-литарски (115 КС) и 2-литарските TDI мотори. Со најсилниот дизел стигнува 190 КС, што е доволно Карок од 0 до 100 км на час да стигне за 7,8 секунди и да развие 211 км на час. Во зависност од избраниот мотор, Карок ќе се нуди со рачен 6-степен или автоматски 7-степен менувач со две квачила. Со поскапите верзии стигнува и погон преку двете осовини.

Шкода објави дека првите примероци ќе бидат во продажните салони во втората половина на годината.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска