„Шкода“ го покажа новиот модел „,Рапид Спејсбек“

Од:

Чешката автомобилска индустрија „,Шкода Ауто“ првпат ја покажа втората каросериска верзија на автомобилот „Рапид“, јави дописникот на МИА од Прага.

Моделот „Рапид Спејсбек“, што ќе почне да се продава од октомври, има иста техника и мотори како „Рапид лифтбек“, но има разлика во задниот дел, што е пократок за 18 сантиметри.

Иако на прв поглед автомобилот, се чини, попрактичен, сепак багажникот, што има волумен од 415, односно 1.380 литри е помал од стандардниот модел на ,,Рапид”.

„Рапид Спејсбек“ во Европа ќе се нуди со четири бензински и два дизел мотора. Новина е, панорамскиот покрив кој е тониран и продолжува на задните стакла.

Цената, се уште, не се објавува, иако се претпоставува дека ќе чини најмалку 10.000 евра. Се очекува моделот да биде омилен во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Шведска, Финска и Норвешка.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска