Шкендија со четири контролни дуели на зимските подготовки во Анталија

Од:

По вчерашното пристигнување во Анталија, Турција за зимски подготовки, актуелниот фудбалски првак Шкендија од Тетово денес ги објави и претстојните пријателски средби. Во турското одморалиште ќе се одиграат четири натпревари.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите под раководство на Бруно Акраповиќ на 15 јануари имаат натпревар со Шиофок од Унгарија, а по четири дена следи дуел со Пјаст Гливице од Полска.

– Следува средба со Варта Познањ од Полска на 23 јануари, додека последниот контролен натпревар е со Слован Либерец од Чешка на 27 јануари, информираат од клубот.

Според информациите на клупската страница, Шкендија се враќа во Тетово на 28 јануари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски

Васоски го донесе Аврамовски во Сараево

Ана Ололовска

Бразилско засилување во редовите на Шкендија

Ана Ололовска

Костадинов нов член на полски Пјаст Гливице

А1он

ФИФА ранг-листа: Македонските фудбалери ја завршуваат годината на 67. место

А1он

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он