Шкендија поразена дома од Дуделанж

Од:

Шампионот на Северна Македонија, екиипата на Шкендија од Тетово, е поразена вечерва на домашен терен од Дудаланж со резултат 1:2.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, од Номе Каљу, црвено-црните и натаму потфрлуваат овој пат со пораз од луксембуршката екипа Дуделанж на првиот натпревар од второто коло на Лига Европа.

Македонскиот шампион прв го отвори резултатот преку Агим Ибрахими во 7 минута, кој голот го постигна од белата точка, а со тој резултат заврши и првото полувреме. Во второто полувреме, нашите фудбалери потфрлија и за само четири минути примија два гола за пресврт на натпреварот. Првиот гол за гостите го постигна Адел Бетаиб во 64-тата и Даниел Синани од пенал во 68 минута.

За една недела се игра реваншот во Луксембург, во кој актуелниот шампион на Северна Македонија влегува со негатива од еден гол, но и со голема желба за постигнува добар резултат, свесни дека тој ќе им биде последна шанса за продолжување на настапите на годинешните европски натпревари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска