Ширер го советувал Стив Брус да не го презема Њукасл

Од:

Легендата на Њукасл, Алан Ширер, откри дека пред неколку недели имал вечера со новиот менаџер на тимот, Стив Брус, на која му рекол да не го презема тренерскиот пост на „Сент Џејмс Парк“. Токму тоа сепак се случи вчера, а навивачите на тимот не се задоволни со изборот на раководството на клубот.

– Пред три недели имав вечера со Стив Брус. Тоа беше откако Рафаел Бенитез го напушти Њукасл и зборувавме за тоа што да прави, ако биде повикан од тимот. Мојот совет кон него таа ноќ беше: „Не, не, не, не ја преземај работата. Како ќе бидеш различен од Кевин Киган или Бенитез? Ако прифатиш, веројатно си луд затоа што знаеш како стојат работите таму“.

Но Брус, продолжи Ширер, одлучува за себе си и тој го почитува тоа.

– Не можам да му кажам што да прави, иако тој е добар мој пријател. Тој не беше прв избор на Њукасл за замена на Рафа. Можеби тој не беше дури ни втор, трет или четврт. Поверојатно е дека е последната опција. Од Њукасл знаеја дека веројатно ќе ја прифати работата, бидејќи тој секогаш го сакаше тоа. Тој знае што се случува, како и она што се случуваше во минатото. Тој знае дека нивните навивачи се уморни. Знае како се раководи клубот, ова веќе не е тајна, пишува легендата на „црно-белите“.

Според него, Брус наследува исклучително ограничен состав, откако минатогодишните голгетери – Ајосе Перез и Хозе Саломон Рондон, повеќе не се таму.

– Ова е единствениот тим во Премиер лигата без нов состав ова лето. Стив е веќе во неповолна положба, бидејќи сите други клубови имаа неколку недели да планираат, и веќе имаат предност пред него. Тој би завршил добра работа, дури и ако го задржи Њукасл во елитата оваа сезона, напиша Ширер во својата колумна за „Сан“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска