Шинѕо Абе: Прво вакцина, потоа одржување на Олимписките игри

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека брз развој на вакцина и ефикасни третмани за коронавирусот се приоритети за организирање на Олимписките игри во Токио.

Абе рече дека опоравувањето од пандемијата на коронавирусот само во Јапонија не би било доволно за одржување на Игрите, бидејќи на настанот учествуваат гледачи и спортисти од целиот свет.

Тој изјави дека владата на Јапонија се надева дека Олимписките игри ќе се одржат „во целосна форма“, со гледачи како доказ за победата на човештвото над коронавирусот.

Експертите претходно изјавија дека ќе биде тешко да се развие ефикасна и безбедна вакцина до почетокот на Олимписките игри во Токио.

Јапонија и Меѓународниот олимписки комитет ги одложија Игрите за јули 2021 година, кои оваа година нема да се одржат поради пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

На Надал му е забранет настапот во Париз

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Апсења во Јапонија за корупција поврзана со спонзорски договори за Олимписките игри

А1он