Шекил О’Нил: НБА стана премногу чувствителна и мека

Од:

Легендарниот НБА играч, Шекил О’Нил смета дека модерната лига стана премногу чувствителна и мека.

– Многу, многу чувствителна. Многу мека. Има премногу политика во лигата. Го мразам овој термин, но сите велат дека ова е ерата во која живееме, затоа мора да ја прифатиме. Но, има едно нешто што нема да го прифатам, а тоа е кога добрата игра ќе се оцени како одлична. Ова нема да го дозволам. Играв со играчи како Џордан, Баркли, Мелоун, Стоктон, сите овие се одлични момци, па знам што е вистинска величина. Еднаш кажав нешто за Донован Мичел и сите почнаа да ме осудуваат. Но, тие не ме послушаа. Јас само ги набројав одличните дефанзивци со кои играв. Донован е добар кошаркар кој оди по својот пат. Но, не треба да го нарекувате одличен и наследник, потенцира О’Нил.

Популарниот Шек, НБА-кариерата ја почна 1992 година во Орландо, а има играно и за Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа