Шефовите на Ливерпул негираа дека клубот се продава

Од:

Сопствениците на Ливерпул од „Фенвеј спорт груп“ ја негираа веста дека биле подготвени да го продадат клубот.

Според „Њујорк пост“, претседателот Џон Хенри е подготвен да направи договор вреден 2 милијарди долари и тајно чекал понуди. Сепак, ова беше демантирано од портпаролот на тимот од Мерсисајд.

– Во име на сопствениците ги дефинирам овие информации како неоправдани шпекулации. И уште еднаш ќе повторам: овој клуб не се продава, изјави портпаролот на клубот за „Ливерпул Ехо“.
„Фенвеј спорт груп“ е во сопственост на популарниот англиски клуб од октомври 2010 година.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ