Шефот на организацијата на Олимпијадата во Токио сменет поради сексистички изјави

Од:

Јапонската министерка за олимписки и параолимписки игри Сеико Хашимото (56) е назначена денеска за нов претседател на организацискиот Одборот на летната Олимпијада (ЛОИ) во Токио, на местото на Јоширо Мори, кој под притисок на јавноста поднесе оставка минатиот петок поради своите сексистички изјави.

-Нема да ги штедам своите напори во обидот Олимпијадата во Токио да биде успешно организирана, нагласи 56-годишната поранешна јапонска олимпијка во првата изјава по назначувањето.

Хашимото истакна дека мерките за борба против коронавирусот, што ќе бидат воведени на ЛОИ, ќе бидат „врвен приоритет“, додавајќи оти сака јапонската и светската јавност да биде сигурна дека „игрите ќе бидат безбедни“.

Пред назначување на чело на олимпискиот одбор, Хашимото поднесе оставка на функцијата во владиниот кабинет во кој беше една од двете жени со министерски статус.

Хашимото зад себе има долга долга спортска кариера, учествувајќи на вкупно седум летни и зимски олимписки игри од 1984 до 1996 година. Таа на Олимпијадата во 1992 година во Абервил го освои бронзениот медал за Јапонија во брзо лизгање.

Би можело да ве интересира

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио

Парадата на спортисти започна на свеченото затворање на Олимпијадата во Токио

А1он

Македонскиот борач Нуров остана без олимписки медал

Николов и Начевски ќе го судат ракометното финале на Олимписките игри

Катерина Ѓуровски