Шефот на Барса со вести за тренерската позиција во клубот

Од:

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу изјави дека тренерот на каталонците, Кике Сетиен, ќе остане на кормилото на тимот следната сезона, и покрај тоа што тимот веројатно ќе биде детрониран од Реал Мадрид во Ла Лига, додавајќи дека не жали за отпуштање на Ернесто Валверде во јануари.

Валверде ја водеше Барса до последователни титули во лигата и неговиот тим беше на врвот со гол разлика, кога беше ослободен од тренерската позиција и беше заменет со Сетиен, кој не настапува на очекуваното ниво. Надежите на „Блаугранас“ за титулата се намалија по ремито со Севиља, Селта и Атлетико Мадрид, при што тимот заостанува зад Реал со четири поени на четири кола пред крајот.

– Сетиен очигледно ќе остане на функцијата. Во оваа фаза јас сум целосно задоволен од тоа како тимот се разви во последните 2-3 натпревари – ги гледаме подобрувањата што ги направи Сетиен. Не жалам за мојата одлука да го отпуштиме Валверде, ни требаше подобрување и Сетиен излезе со нови идеи, изјави Бартомеу за радио „Рац1“.

Неговата изјава доаѓа по убедливиот успех на Каталонците во гостувањето кај Виљареал со 4:1 во последното коло од Ла Лига.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска