Шарапова поуспешна од Стосур

Од:

Шампионката на Ролан Гарос Марија Шарапова успеа да се пласира во следното коло (осминафинале) откако попладнево ја победи финалистката од 2010 година Самата Стосур со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4).

Кај дамите на другите мечеви победи во третото коло и пласман во осминафиналето изборија: Ана Ивановиќ, Елена Макарова, Елина Свитолина, Ализ Корне, Гарбине Мугуруза, додека денеска ќе се игра уште мечот Флавија Пенета – Карла Суарез Наваро.

На машкиот дел од турнирот Рожер Федерер го победи Дамир Џумхур со 3:0 во сетови и во следната рунда ќе игра со победникот од мечот Гаел Монфис – Пабло Куевас.

Убедлив со 3:0 во сетови беше и Стан Вавринка, кој го победи Стив Џонсон, додека неговиот ривал во осминафиналето Жил Симон се намачи и со 3:2 во сетови успеа да го елиминира Никола Маху. Осминафиналисти се уште и Кеи Нишикори и Тимураз Габашвили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекорден 14. трофеј за Рафаел Надал на Ролан Гарос

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Кралот на земја“ го продолжува походот по 14. титула од Ролан Гарос

Ана Ололовска

Руне го испрати Циципас дома

Направен исклучок за мечот на Ѓоковиќ и Надал

Предраг Петровиќ

Надал против Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос

ВИДЕО: Повторно инцидент-со рекетот удри дете во публиката