Шарапова објави крај на кариерата

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова ја заврши кариерата, објави „Њујорк тајмс“.

Триесет и двегодишната тенисерка на ваков чекор се решила поради зачестените повреди кои ја спречија да се врати во претходната форма. Русинката се обидуваше изминатиете15 месеци да ги надмине проблемите, но не уиспеа.

Во 2016 година беше суспендирана поради користење забранета супстанца – мелдониум. Таа тврдеше дека не знаела дека лекот е на листа забранети супстанци на Светската агенција за борба против допингот.

Шарапова во текот на својата кариера има освоено пет титули на Грен слем турнирите, првата на Вимблдон кога имаше 17 години.

Според „Форбс“, атрактивната Русинка до 2015 година, пред нејзината суспензија, заработила околу 30 милиони долари и е женски спортист со најголема заработувачка за 11 години.

По враќањето на терените кога и заврши суспензијата во 2017 година, Шарапова се соочи со отпор. Некои официјални претставници на турнирите одбиваа да ја покануваат, додека некои од ривалките искажуваа незадоволство кога добиваше „вајлд карта“, тврдејќи дека е неправедно тенисерката која била санкционирана поради допингување, да добива „специјална покана“ за учество.

Би можело да ве интересира

Одложен прошталниот меч на Вознијацки против Серена

Ана Ололовска

Мартина Хингис: Пред 23 години станав најмладата број 1, сега се тешки времиња, останете силни

Ана Ололовска

Морезмо: Нема вакцина – нема тенис

Ана Ололовска

Бушар: Кога ќе заврши се, безидејноста ќе престане да биде социјално прифатлива

Ана Ололовска

Халеп и Кербер го откажаа учеството во Индијан Велс

Ана Ололовска

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот

Ана Ололовска