Шангај: Надал изгуби од Дел Потро, Аргентинецот во финале против Ѓоковиќ

Од:

Шпанецот е најдобар тенисер на светот според АТП листата, но откако официјално застана на чело, нема ниту еден трофеј за него.

Рафа во финалето во Пекинг изгуби од Новак Ѓоковиќ, а нема да има прилика ниту во Шангај да го подигне пехарот, поради тоа што во полуфиналето изгуби од Хуан Мартин дел Потро со резултат 0:2 (2:6, 4:6).

Кога играте против најдобриот тенисер на светот, тогаш имате особена мотивација да се докажете. Дел Потро тоа го направи на маестрален начин освојувајќи ги првите четири гема на овој меч, правејќи два брејка, решен прв пат по четири години да го „добие“ Надал.

delpo3

Рафа ништо не го служеше во првиот сет. Особено не првиот сервис, на кој освои само 45% поени во тој период. Дел Потро господареше со теренот благодарејќи на најсилното оружје не Надал, играта од основната линија, освојувајќи повеќе поени од Шпанецот.

Тој со мудра игра, смриен во моментите кога Рафа беше во најголем налет, пројде во финалето, каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Во досегашните мечеви, Ноле девет пати го победил Дел Потро, а три пати изгубил.

 

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен