Шангај: Борба за статус број еден во светот

Од:

Шангај оваа недела ќе биде домаќин на Мастерсот на кој Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер ќе се борат за статусот – прв рекет на светот.

Благодарејќи му на триумфот во Пекинг, Новак  му се приближи на Роџер на околу 800 бодови, што значи дека ако го освои Шангај би можел да стане тенисер број еден во светот.

Сепак за тоа ќе му биде потребен и лош резултат на швајцарскиот тенисер, затоа што ниту еден од нив двајца не бранат поени од минатата година.

„Првото место и понатаму ми е цел. Титулата во Пекинг ми помогна многу во остварување на таа цел, но трката и понатаму е отворена. Имаме уште турнири. Во Шангај сакам да одам што понатаму, но одам меч по меч како и секогаш“, изјави Ѓоковиќ.

Федерер ќе има загарантирано прво место по Шангај, ако дојде најмалку до четвртфиналето. Секој друг расплет му дава шанса на Ѓоковиќ после повеќе од три месеци, да дојде до врвот.

„Се надевам дека ќе ја завршам годината како прв во светот. Мојата цел е во Шангај да одиграм добро“, рече Федерер.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски