Шампионот на Рим рано го напушта турнирот

Од:

Матео Беретини (не) изненадувачки го елиминира шампионот од минатата година Александар Зверев со 7:5, 7:5 и се пласираше во осминафиналето на тенискиот турнир од сериите „Мастерс“ во Рим. 23-годишниот Италијанец ја постигна првата победа во кариерата над тенисер од топ 5 и го направи тоа на најсоодветното можно место – пред пресреќните домашни фанови.

Беретини минатиот месец ја освои втората титула во кариерата (и двете на земја) во Будимпешта, а сега има уште еден повод за гордост на својата омилена подлога.

За Зверев ова е уште еден разочарувачки ран неуспех на турнирите од почетокот на сезоната и значителен пад во однос на минатата година. Тогаш на стартот на „Ролан Гарос“ тој имаше скор од 30 победи и 8 порази, откако имаше две титули на сметка – во Минхен и токму во Рим.

Сега, сепак, тој има 15-10 и само едно учество во финале – во Акапулко, каде што беше поразен од Ник Кириос.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

Федерер се повлече од четвртфиналето во Рим

Серена Вилијамс повторно се откажа од турнир

Татјана Ташкова

Серена се враќа во игра во Рим