Шалке заинтересиран за Ди Матео

Од:

Роберто Ди Матео е најсериосен кандидат за нов тренер на германскиот бундеслигаш Шалке кој е во потрага по шеф на стручниот штаб по отпуштањето на менаџерот Хуб Стивенс уште во средината на декември минатата година.

Причина за ваквата одлука на челниците на клубот од Гелзенкирхен се слабите резултати во последната третина од првата полусезона, а откако клубот под водство на Јенс Келер помошникот на Стивенс, во средата на пријателски натпревар претрпе катастрофален пораз од 5:0 од Баерн Минхен, интензивно се работи на тренерско решение.

Ди Матео остана без ангажман по отказот од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.

Шалке во моментов е на 7.место во Германскиот фудбалски шампион со 7 победи, 4 нерешени и 7 порази. Целта на управата за оваа сезона е обезбедување учество во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска