Шаќири не доаѓа во Белград за мечот со Црвена Звезда поради политичките тензии

Од:

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири, роден во Гњилане, може да го пропушти мечот против Црвена Звезда во Белград во натпревар од групата „Ц“ од Лигата на шампионите.

Ливерпул размислува да го остави Шаќири во Англија за натпреварот во ноември, со цел да не ризикува потенцијална политичка тензија.

Се уште се свежи сеќавањата на прославата на Шаќири на голот против Србија (2:1) на Светското првенство во Русија, кога тој со рацете покажа албански орел. На истиот меч тој на своите копачки го имаше насликано и знамето на Косово, па затоа може да има многу притисок од повеќе од 50.000 фанови на стадионот „Рајко Митиќ“.

Тоа е причината зошто клубот од „Енфилд“ е многу внимателен и сака да избегне каков било инцидент, иако Шаќири во моментов не е во прв план за менаџерот Јирген Клоп.

Британскиот печат потсетува на изјавата на извршниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, кој сподели дека во случај на пристигнување на Шаќири во Белград, должност на клубот е сѐ да помине во ред, но верува дека 25-годишниот фудбалер ќе биде „речиси невидлив“.

Натпреварот меѓу Црвена Звезда и Ливерпул се игра на 6 ноември во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени