Шахин се врати во Борусија Дортмунд

Од:

Турскиот интернационалец Нури Шахин по 18 неуспешни месеци во редовите на Реал Мадрид и Ливерпул се врати во Борусија Дортмунд. 24-годишниот фудбалер од средниот ред во 2011 го напушти Дортмунд и се пресели во Реал, каде не успеа да избори место во составот на кралскиот клуб.

Потоа во август минатата година замина како позајмен играч во Ливерпул, каде забележа по три гола и асистенции во 12 одиграни меча, а потоа се повреди. Шахин требаше и наредните шест месеци да ги мине во дресот на Ливерпул, каде не успеа да се пронајде себеси, но во договор со раководството на Реал Мадрид, се врати во Дортмунд.

– Иако поминаа 18 месеци, се чувствувам како воопшто да не сум заминал од Дпртмунф, веднаш почувствував дека се враќам дома. Постојано бев во контакт со челниците на Борусија Дортмунд, со дел од соиграчите и навистина сум среќен што повторно ќе го носам дресот на овој клуб – изјави Шахин.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска