Севиља е првиот осминафиналист во Лигата на Европа

Од:

Севиља стана првиот тим кој се пласирал во осминафиналето на Лига Европа, откако го победи по втор пат Лацио – сега со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Висам бен Једер, кој ја донесе победата на андалузијците со 1:0 на „Олимпико“ пред неколку дена, го отвори резултатот на „Рамон Санчез Писхуан“ во 20-тата минута.

Во второто полувреме работите на теренот се вжештија и Франко Васкез (60) и Адам Марушич (71) беа избркани, а Пабло Сарабија стави точка на спорот со втор гол во 78-та минута.

Севиља го доигра мечот со 9 фудбалери, откако Хесус Навас се повреди и не успеа да продолжи со игра.

Така Севиља, која е најтрофејниот тим во Лигата на Европа, се квалификуваше за осминафиналната фаза на турнирот.

Останатите реванш средби од шеснаесетфиналето на вториот по квалитет европски клупски турнир се играат утре.

 

Би можело да ве интересира

Да не беше Виљареал, само англиски клубови ќе играа во европските финалиња годинава

Жарко Настоски

ВИДЕО: „Фраерски“ потег на Мурињо, им аплаудираше на играчите на Динамо во нивната соблекувална

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Сензација на Динамо Загреб: Адеми и Ристовски преку Тотенхем во четвртфинале на ЛЕ

Жарко Настоски

Наполи ја заврши сезоната во Европа, италијанскиот тим елиминиран од Гранада

Жарко Настоски

ВИДЕО: Елмас со Наполи обезбеди нокаут фаза во Лига Европа

Катерина Павлова-Николовска

Лига Европа: Адеми со Динамо ја мина групната фаза, Наполи и Елмас ќе бараат шанса во последното коло

Жарко Настоски