Сетиен: Ривалот во борбата за трофејот ги победува сите натпревари

Од:

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, по натпреварот од 36. коло од шампионатот на Шпанија против Ваљадолид (1:0) рече дека нивниот ривал за титулата, тимот на Реал Мадрид победува на сите натпревари.

– Даваме се од себе за да го стигнеме Реал, но ривалот во борбата за трофејот ги победува сите натпревари. Што се однесува до средбата со Ваљадолид, очекувавме тие да се бранат со пет дефанзивци, па направивме напори да ја рашириме нивната зона. Игравме добро 30-35 минути, кога моравме да дојдеме до поубедлива предност. Поради замор во второто полувреме, моравме малку да се повлечеме. Не бевме во можност да ги избегнеме сите опасни ситуации, но го минимизиравме ризикот, изјави Сетиен.

Тој се пожали на густиот распоред.

– По претходниот натпревар не поминаа ниту 72 часа. Беше топло, теренот беше сув. Имавме играчи на кои им недостасуваше свежина, додаде предводникот на Барселона која има бод помалку и натпревар повеќе од лидерот Реал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска