Сетиен донел одлука за Видал

Од:

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, брзо навлезе во сето она што се случува во клубот. Тој зел решение за иднината на играчот од средниот ред Артуро Видал, кој беше пред трансфер во Интер, бидејќи не добиваше доволно време за играње со претходникот на Сетиен – Ернесто Валверде.

Според „Ел Мундо Депортиво“, 61-годишниот тренер на Каталонците сака да го задржи чилеанскиот играч од средниот ред барем до текот на летото. Тој верува дека искусниот фудбалер може да и помогне на Барселона со своите вештини во втората половина на сезоната. Сетиен го доставил своето барање до раководството на клубот.

Така, трансферот на Видал во Интер или ќе биде одложен или нема да се случи. Се шпекулира дека „нероазурите“ веќе започнале преговори со Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска