Серена Вилијамс ќе игра на УС Опен ако турнирот се одржи, вели нејзиниот тренер

Од:

Тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, верува дека легендарнара Американка сигурно ќе учествува на годинашното издание на УС Опен, доколку турнирот, кој обично се игра во август и септември, воопшто се одржи оваа година.

Пандемијата на коронавирусот предизвика хаос во тенискиот календар, при што Вимблдон за прв пат се откажа во мирновременски услови, додека АТП и ВТА беа прекинати до крајот на јули. „ФлешингМедоус“ се уште е предвидено да се случи во август-септември во Њујорк, каде е епицентарот на инфекцијата во САД, каде има повеќе од 2 милиони регистрирани случаи и 115.000 жртви.

Неколку тенисери веќе изразија загриженост за враќањето на спортот оваа година, но Муратоглу изјави дека Вилијамс се вратила на теренот по раѓањето на нејзината ќерка за да освојува нови титули и дека ќе се обиде да го изедначи рекордот на Маргарет Корт од 24 гренд слем одличја.

„Таа дефинитивно му се врати на тенисот за да освои уште некоја Гренд Слем титула, тоа е нејзината цел. Исклучително е тешко за еден играч да е надвор од турнири. Значи, УС Опен е прва можност за неа. Ќе има многу ограничувања и треба да разговарам со неа за да откријам дали е подготвена да ги прифати и да се справи со овие предизвици,“ изјави тој за Би-Би-Си.

Неколку од водечките имиња во спортот, меѓу кои и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, изјавија дека рестриктивните мерки се премногу драконски, како што е фактот дека тенисерите ќе имаат право да понесат само едно лице со себе на турнирот.

Муратоглу верува дека на Вилијамс ќе ѝ биде тешко да се раздели од двегодишната ќерка Алексис и се пошегува дека детето веројатно ќе треба да ја преземе улогата на тренер.

„Не можам да замислам дека ќе биде три недели без ќерка ѝ. Значи, може да има нов тренер за УС Опен, малку помлад. Со оглед на нашиот настап во последните седум финалиња на Гренд Слем, нејзината ќерка може да се справи далеку поуспешно од мене,“ заклучи францускиот тренер.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски