Серена против Шарапова во дербито на првото коло на УС Опен

Од:

Американката Серена Вилијамс која е осма носителка и руската тенисерка Марија Шарапова ќе се сретнат во првото коло на Грен слем турнирот УС Опен во Њујорк. Ова ќе биде дерби дуел во стартната рунда на женскиот дел од турнирот.

Последен пат двете тенисерки меѓусебно играа во финалето на Австралија опен 2016 година.

Досегашниот биланс е 19:2 за Вилијамс.

Првата носителка Наоми Осака од Јапонија по денешното извлекување за противничка ја доби Ана Блинкова од Русија.

Втората фаворитка за трофејот, Ешли Барти (Австралија) во првата рунда ќе игра со Зарина Дијас од Казахстан.

Главниот дел од турнирот на Отвореното првенство на САД ќе почне в понеделник и ќе трае до 8 септември.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ