Сеп Блатер предлага светското првенство во Катар да се игра во зима

Од:

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер предложи денеска Светското првенство во фудбал во 2022 година. чиј домаќин е Катар, наместо во лето, да се одржи во зима.

– Се уште има време да се донесе одлука Светскиот куп за девет години да се игра во текот на зимските месеци, изјави Блатер, оправдувајќи ја оваа радикална измена со високите температури и со екстремните горештини во Катар во месеците кога обично се играат светските фудбалски првенства.

Во Катар, во текот на летото температурите се искачуваат до 40 или 50 степени Целзиусови, додека во зимсикте месеци тие се спуштаат и за цели 20 степени.

Организаторите на ова Светско првенство, првото што ќе се игра во една арапска и муслиманска земја, најавија дека сите стадиони ќе бидат опремени со климатизери, но првиот човек на ФИФА вели дека тоа не е решение.

– Светскиот куп во фудбал е празник за луѓето, а каков е тоа празник кога не може да се игра во лето, вели Блатер. Тој вели дека е добро што организаторот најавува ладење на стадионите, но „не може да се олади цела една земја“ за да се постигне вистинската атмосфера што треба да владее за време на првенството.

Блатер најави дека за оваа своја иницијатива ќе разговра со членовите на Извршниот комитет на ФИФА.

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) меѓутоа се изјасни против ваквиот предлог, нагласувајќи дека таа промена ќе предизвика сериозно нарушување на европските фудбалски првенства.

ФА веќе и порача на ФИФА дека нема да прифати префрлање на Светското првенство во зимските месеци. Претставник на ФА изјави дека едно Светско првенство во зима, ќе предизвика нарушување на англиската Премиер лига цели три сезони.

Во ФИФА не се согласуваат со тоа, прифаќајќи дека проблеми ќе има само во сезоната кога е Светското првенство.

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини вели дека проблемите може да се надминат, а со префрлањето на Светското првенство во зимските месеци, се согласува и Организацискиот комитет во Катар.

Би можело да ве интересира

Флик, Гвардиола, Манчини и Тухел претенденти за наградата тренер на годината според ФИФА

А1он

ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер на годината

А1он

Македонските фудбалери напредуваа седум места на ФИФА ранг-листата

А1он

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

ФИФА ќе ги прогласи најдобрите на 17 јануари

А1он

ПСЖ се обиде преку ФИФА да влијае на заминувањето на Меси и Паредес во репрезентацијата, но залудно

Ана Ололовска

Leave a Comment

11 − 8 =