Селекторот Тодоров верува во пласман на Европското кошаркарско првенство

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево во Скопје ги почна мини-подготовките за завршните четири натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров во згуснат термин од 18 до 22 февруари ќе играат во Перм против Русија, Естонија и два натпревари против Италија. За пласман на завршницата, што идната година ќе се одржи во четири европски држави, на македонските кошаркарите ќе им бидат потребни најмалку две победи, вклучувајќи триумф со повеќе од десет поени разлика против Естонија.

На првиот собир денеска во салата „Јане Сандански“ во Скопје се појавија сите повикани кандидати, а поради болки во пределот на листот на десната нога, првиот тренинг превентивно, го пропушти Марко Симоновски.

Истакнувајќи оти пред тимот е најтешкиот дел од квалификациите, селекторот Тодоров рече дека е оптимист за пласман на Европското првенство.

-Дефинитивно најтежок, бидејќи четири натпревари во пет дена се навистина огромен напор за кој било спортист, не само за еден кошаркар. Но тоа е што е, ФИБА така проценила, наше е да се подготвиме и да направиме не само тактика, туку и стратегија како да настапиме на овие четири средби во Перм. Прво се надевам дека ќе ги поминеме и следните два теста за Ковид-19, в сабота во Скопје и вториот во Перм во понеделник вечер. Доколку немаме поголеми проблеми, се разбира дека сметам дека можеме да дојдеме до посакуваната цел, без разлика што најважниот натпревар со Естонија го играме последен, изјави Тодоров за официјалниот сајт за Македонската кошаркарска федерација.

Кошаркарите во Скопје ќе одработат пет тренинзи, пред заминувањето за Перм со чартер-лет во понеделник.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје – Работнички во финалето на кошаркарскиот куп

Мери Јордановска

Финале во ракометниот, полуфинални натпревари во кошаркарскиот куп

Ана Ололовска

МЗТ Скопје убедливо поразен од Младост во првиот четвртфинален натпревар во плејофот на АБА 2

Ана Ололовска

Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Ана Ололовска

Јакимовски ги воодушеви Американците во дебитантската сезона во НЦАА лигата

Ана Ололовска

Тодоров: Бев дел од нешто ново што се создава и ќе трае во наредните 10-15 години

Ана Ололовска