СЕХА: Металрг поразен на гостувањето кај Железничар

Од:

Екипата на Металург доживеа пораз со 27-25 (16-13) од Железничар во 15 коло од регионалната СЕХА-лига.

Многуте промашувања како и техничките грешки беа причината за пропуштената шанса за продолжување на победничката серија на тимот од Автокоманда, кој во претходните две кола ги совладаа Извиѓач и Стеауа.

Домаќините водеа во поголемиот дел од дуелот, а избраниците на Данило Брестовац се доближија на гол негатива во два наврати во второто полувреме, но немаа сили да стигнат до пресврт.

Димитриоски и Танкоски со по четири гола беа најефикасни кај „металурзите“, додека кај Железничар најдобар поединец беше Вејин со шест погодоци.

По 16 одиграни дуели, Металург се наоѓа на деветтото место во СЕХА лигата со 10 бода. Железничар по оваа победа е осмопласиран со 13 бода.

Во наредното коло, Металург гостува кај Татран Прешов на 6 март.

Би можело да ве интересира

Вардар триумфално против Нексе во Нашице

Ана Ололовска

СЕХА Ф4 турнирот ќе се игра во Задар

Ана Ололовска

Металург и КЛ7 најуспешни на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“

Ана Ололовска

Жељко Бабиќ: РК Еурофарм Пелистер е ракометен проект со иднина

Ана Ололовска

Митревски со најмногу одбрани во првиот дел од СЕХА лигата

Ана Ололовска

Половичен учинок на македонските екипи во деветтото коло од СЕХА лигата

Ана Ололовска