СЕХА лига: Полуфинале во СЦ „Борис Трајковски“

Од:

Завршницата на СЕХА лигата ќе се одигра денеска и во недела во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“. Денеска на програмата се полуфиналните натпревари.

Во треминот од 17 часот играат Брест Мешков и Загреб. Ова е дуелот меѓу првопласираниот (Брест) и четвртопласираниот (Загреб), во рамките на лигашките дуели двете победи ги постигна екипата од Белорусија.

Во 19 часот се игра репризата од ланското финале или македонското полуфинале меѓу Металург и Вардар Про. Во лигашките натпревари двете екипи остварија по една победа.

Металург на овој турнир ќе настапи без повредените Дејан Манасков, Филип Миркуловски, додека неизвесено е учеството на Велко Маркоски.

Победниците од натпреварите во недела од 19 часот ќе играат во финалето, додека поразените во терминот од 17 часот ќе играат за 3.место.

Пехарот ланската сезона го освои Вардар Про.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ