Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон

Од:

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, вечерва го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 7:5, 7:5 и по седми пат во кариерата обезбеди пласман во финалето на грен-слем турнирот во Вимблдон.

На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до својата 20-та победа во исто толку натпревари на грен-слем турнирите во оваа година.

Противник на Ѓоковиќ во завршницата на грен-слем турнирот во Лондон ќе биде деветтиот тенисер на АТП листа Матео Беретини, кој претходно денеска со 3:1 во сетови го совлада Полјакот Хуберт Хуркач и стана првиот Италијанец во историјата, кој ќе настапи во машкото финале на Вимблдон.

Дуелот Ѓоковиќ – Беретини ќе се игра в недела со почеток од 15 часот.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата