Седма титула во двојки за Ѓорческа во 2016 година

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан триумфираа на фјучрсот во Валенсија што се играше за награден фонд од 25.000 долари. Ова за Ѓорческа е седма турнирска победа на фјучрс турнирите во 2016 година.

Комбинацијата Ѓорческа-Воскобоева на убедлив начин го заврши учеството на турнирот откако двата сета против Алисија Хереро Линана од Шпанија и Ксенија Шарифова од Русија ги добија со 6:0 и финалето го завршија без загубен гем, а турнирот без загубен сет. Финалето траеше 45 минути, а скорот во освоени поени беше 48:28.

За победата Ѓорческа ќе освои 60 поени, додека во сингл конкуренција турнирот го заврши во 2.коло и ќе освои шест поени.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен