Уште една титула и уште еден рекорд. Новак Ѓоковиќ го совлада Јаник Синер со 2:0 (6:3, 6:3) и по седми пат се прогласи за шампион на завршниот Мастерс. Јаник иако го играше тенисот на својот живот, иако на своја страна ја имаше публиката во Торино, не можеше да го направи тоа против неверојатниот Новак.
Novak Djokovic DOESN'T MISS 🤯@DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/FuKMIHUriD
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2023
Ѓоковиќ до финалето стигна откако го совлада Карлос Алкараз, додека Синер во полуфиналето го победи Данило Медведев.