Седлоски: Важна победа, ги заслуживме трите бода

Од:

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, е среќен поради триумфот (3:1) над Академија Пандев вчеравечер на дербито во Струмица.

– Морам да им честитам на играчите за победата која е многу важна. Мислам дека заслуживме три бода. По голот што го примивме, направив неколку замени за поголема енергија на теренот и почнавме да напаѓаме цело време. Не сакам да зборувам за досудените пенали, но можам да кажам дека создадовме многу шанси и одигравме многу добар натпревар. Сега треба да се фокусираме на следниот натпревар против Работнички, бидејќи тоа е исто така важен натпревар и ги повикувам нашите навивачи да создадат добра атмосфера на трибините, изјави Седлоски.

По осум кола во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи е со 17 бодови.

Следниот натпревар чаирчани ќе го имаат на 2 октомври против Работнички.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска