Се одложува почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во кошаркарската лига

Од:

Раководството на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија (КФСМ) донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-мажи, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, 10 и 11. октомври.

Ова доаѓа поради целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, соопштија од КФСМ.

– Во очекување на комплетните резултати од PCR тестирањето за корона вирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига-мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек. Во наредниот период, федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи, соопштија од Федерацијата.

Би можело да ве интересира

Тестовите на македонските кошаркари и стручниот штаб негативни

Ана Ололовска

Tодоров го објави поширокиот список за ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА

Ана Ололовска

Работнички подобар од МЗТ Скопје во првото вечно дерби од новата сезона

Ана Ололовска

Академија ФМП и Куманово со победи го отворија новото првенство

Ана Ололовска

Почнува македонското кошаркарско првенство

Ана Ололовска

Кошаркарското првенство почнува на 31 октомври

Ана Ололовска