Саудиска Арабија сака заедно со Италија да го организира Светското првенство во 2030 година

Од:

Саудиска Арабија размислува да се пријави за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2030 година. Најголемата држава на Арапскиот полуостров планира да поднесе заедничка апликација со друга земја, а Италија може да стане партнер на Саудиска Арабија, според „The ​​Athletic“.

Консултантска компанија со седиште во САД, „Бостон Консалтинг Груп“ и помага на Саудиска Арабија и нуди различни опции за партнерство. Една од нив е заедничка апликација со Египет и Мароко.

Сепак, оваа опција е малку веројатно поради загриженост поврзана со комерцијалниот успех на турнирот, влијанието врз економиите на земјите и безбедноста на турнирот.

Затоа, европскиот партнер изгледа како попрофитабилно решение за Саудиска Арабија, а Италија е најверојатен кандидат. Воспоставени се деловни, дипломатски и спортски односи меѓу двете земји.

Во јануари 2022 година, Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Суперкупот на Италија.

Претходно стана познато дека Велика Британија и Ирска, како и Шпанија и Португалија планираат да достават заеднички апликации за организација на Мундијалот 2030.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ