Саудијка го освои Монт Еверест

Од:

Раха Мохарак се запиша во историјата како најмлада арапска жена и единствена Саудијка која се искачила на Монт Еверест, највисоката планина на светот.

dobivaj vesti na viber

Мохарак (25) била дел од четиричлената експедиција, во која првпат учествувале и еден државјанин на Катар и еден Палестинец.

Целта на експедицијата била да собере милион долари за проекти од областа на образованието во Непал. Мохарк, по потекло од Џеда, има универзитетска диплома и моментално живее во Дубаи.

– Во Саудиска Арабија, конзервативна муслиманска земја каде правата на жените се многу ограничени, таа морала да надмине многу препреки за да ја оствари својата цел.

– Да се убеди нејзиното семејство да и дозволи да се приклучи на експедицијата беше исто толку тешко како и самото искачување на врвот од планината, раскажуваат членовите на нејзиниот тим.

Би можело да ве интересира

Пронајдени и спасени двајца планинари на Шар Планина

Катерина Павлова-Николовска

Врвот Голема Вртешка дел од маршрутата на ПСК „Голак“ Делчево

Ана Ололовска

Ден на жалост во Радовиш по загинувањето на двајцата алпинисти

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Спортски качувачи се натпреваруваа по карпата на Демиркаписка клисура

Ана Ололовска