Сари: Среќен сум во Челзи

Од:

Маурицио Сари е среќен во Челзи и не планира да замине од Лондон.

Тренерот на „сините“ изјави дека има двогодишен договор со Челзи и дека не контактирал со ниеден друг клуб. Со тоа италијанскиот стратег ги демантираше наводите дека контактирал со Јувентус, со цел да го замени Макс Алегри кој замина од Старада дама.

– Сега размислувам само на финалето против Арсенал, мило ми е што италијанските клубови се заинтересирани за мене, но би бил среќен доколку продолжам со Челзи, изјави Сари.

Во врска со наводите дека исходот на финалетое на Лига Европа ќе биде пресуден за неговото останување во Лондон, Италијанскиот тренер изјави дека неговата работа во текот на целата година со Челзи не може да се отфрли за 90 минути.

Сари додаде дека на крајот на сезоната ќе седне со челниците на клубот и ќе ги анализираат сите резултати.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска