Сари по поразот од Каљари: Јувентус е единствениот тим во Европа со пет натпревари за 12 дена

Од:

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, причината за синоќешниот пораз од Каљари (0:2) ја гледа во измореноста на тимот и густиот распоред.

– Проблемот е во тоа што ние сме единствениот тим во Европа што играме пет натпревари за 12 дена. Ајде да погледнеме во каква состојба се играчите утре и да одлучиме дали ќе истрчаме со У23 тимот на дуелот со Рома в сабота. На целиот прв тим му треба одмор, истакна Сари.

Во однос на мотивацијата и посветеноста за дуелот со Каљари, Сари рече дека не може да споредува со другите игри во сезоната.

– Имавме и добри моменти, но не бевме така брзи за да го загрозиме противникот. Имаме девет играчи со повреди, па има одредени сомнежи пред натпреварот против Лион во ЛШ. Ајде да видиме кој ќе се врати во акција, додаде Сари.

Јувентус од поодамна ја обезбеди шампионската титула во Италија, а сега му претстои реваншот со Лион во Лигата на шампионите. Овој меч е закажан за 7 август. Во Франција Лион победи со 1:0.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска