Сари: Еден натпревар не смее да доведе до промена на тренерот

Од:

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, одби да го прифати финалето утре против Арсенал во Лигата на Европа како одлучувачки за неговата иднина во клубот. Италијанецот беше категоричен дека исходот од еден меч не треба да доведе до промена во начинот на кој клубот гледа на својот ментор.

Имаше момент во текот на сезоната, кога престојот на Сари на чело на „сините“ се чинеше дека е пред својот крај. Тренерот успеа до одреден степен да ги стабилизира перформансите на тимот, но сега неговото име е поврзувано со тренерската позиција во Јувентус.

– Отсекогаш сум велел дека сакам финале во Лигата на шампионите. Никој никогаш не треба да си поставува ограничувања за своите соништа и амбиции. Постојано повторувам дека еден меч не може да го промени моето мислење за играчите, ниту пак начинот на кој клубот треба да го оценува својот тренер. Па не, нема да се откажам од ништо во името на освојувањето на овој финален натпревар. Ова дефинитивно не е мојот пристап, изјави Сари во пресрет на најважниот натпревар во Челзи во сезоната 2018/2019.

Според него утре претстои многу важен натпревар, кој може да ја претвори добрата сезона на екипата во исклучителна.

– Знаеме колку опасен тим е Арсенал на контранапад, така што дуелот е деликатен и имаме премногу повредени играчи. Генерално, сепак, чувството е дека барем на психолошки план, пристапуваме на правилен начин, додаде Сари.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хулиган од зад грб го нападна српскиот голман кој брани за Севиља, но беше соборен

Предраг Петровиќ

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска