Санчез заминува во Италија за да го финализира трансферот во Интер

Од:

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, утре или задутре ќе замине во Милано за да го финализира неговиот трансфер во Интер, јавуваат медиумите во Италија. Денеска се појави вест дека двата клуба се договориле за деталите за договорот, откако репрезентативецот на Чиле ќеигра на заем кај „нероазурите“ оваа сезона.

Попладнево, Санчез се појави во базата на „црвените ѓаволи“ во Карингтон да тренира со тимот по вчерашното реми со Вулверхемптон, но ова може да биде неговата последна средба со соиграчите во Јунајтед. Деталите за трансферот сè уште не се јасни, при што Интер, наводно, платил 2 или 3 милиони евра на Јунајтед за закупнината, но англискиот клуб ќе плаќа половина од огромната плата на Санчез.

На крајот на сезоната Интер ќе може да ги откупи правата на Чилеанецот за 15 милиони евра, но не е јасно дали тој ќе биде должен да го стори тоа според договорот.

Во коментарите по вчерашниот меч со „волците“, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека Алексис може да се раздели со тимот во наредните две недели.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска