Кошаркарите на Сан Антонио поведоа со 1-0 во финалето на НБА лигата откако ноќеска го совладаа Мајами со 110:95 (26:20; 28:29; 20:29; 36:17). Ова воедно е реприза на ланското финале во кое играа истите два тима.
Натпреварот беше решен во последната четвртина кога домаќинот го презеде водството со 90:88 по двете тројки на Дени Грин. Во тој период првакот Мајами играше без првиот играч Леброн Џејмс, кој се пожали на повреда што е сериозен проблем за екипата на Мајами. Во последната четвртина „мамузите“ промашија само два шута.
Најефикасен на натпреварот беше Џејмс со 25 поени, додека кај победникот пет играчи имаа двоцифрен број поени, а ги предводеше Тим Данкан со 21.
Следниот натпревар се игра во недела навечер (8.јуни).