Кошаркарите на Сан Антонио постигнаа победа на првиот финален натпревар од Западната конференција. Ноќеска на домашен терен ја совладаа Окалхома Сити со 122:105 (30:27; 37:32; 22:23 и 33:23).
Тандемот Тим Данкан и Тони Паркер ја предводеше својата екипа до стартната победа. Данкан постигна 27 поени, а Паркер имаше 14 поени и 12 асистенации. Добриот натпревар за домашните беше комплетиран со тоа што петмина играчи имаа двоцифрен број поени.
Кај Оклахома Сити Кевин Дјурант беше најпрецизен со 28, а Расел Весбрук постигна 25. Во редовите на Оклахома Сити се почуствива отсуството на Серхи Ибака, кој поради повреда неможе да настапува.
Следниот натпревар од финалето на „Запад“ се игра во среда навечер, а вечерва е дуелот број 2 од Итсочното финале меѓу Индијана и Мајами (1-0 во победи).