Кошаркарите на Сан Антонио се наоѓаат на една победа до освојување на титулата во НБА лигата откако ноќеска на гостински терен кај шампионот Мајами славеа победа со 117:86 (26:17; 29:19; 26:21 и 26:29). Сан Антонио води со 3-1 во добиени натпревари. Шампионот Мајами првпат по финалето на „Исток“ во 2012 година губи два натпревара на домашен терен.
Каваи Леонард повторно беше предводник во победничкиот тим. Тој постигна 20 поени, а двоцифрен број имаа уште тројца играчи: Тони Паркер 19 поени, Пети Милс 14 и Тим Данкан 10. Играчите на Сан Антонио и на овој натпревар имаа извонреден процент на шут од игра – 57 проценти.
Во редовите на шампионот Леброн Џејмс постигна 28 поени.
Натпреварот број 5 се игра во недела навечер, а домаќин е Сан Антонио.