Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска како гости го победија Мајами со 111:92 (41:25; 30:25; 15:25 и 25:17) и поведоа со 2-1 во финалната серија од НБА лигата која се игра до четири победи.
Сан Антонио одигра одлично прво полувреме во кое уфрлија 71 поен и веќе тогаш беше јасен победникот. Првиот дел „мамузите“ го завршија со над 75% шут од поле, досега невидено во историјата на НБА финалињата.
Каваи Ленард со рекордот во кариерата од 29 поени, четири скокови и две асистенции ги предводеше гостите до победата. Дени Грин и Тони Паркер уфрлија по 15 поени.
Кај Мајами Леброн Џејмс и Двејн Вејд постигнаа по 22 поена.
Следниот натпревар се игра ноќта четврток кон петок, а домаќин повторно е Мајами.