Сампаоли промовиран во нов селектор на Аргентина

Од:

Аргентинскиот фудбалски сојуз го претстави Хорхе Сампаоли како нов селектор на националниот тим. Досегашниот тренер на Севиља потпиша петгодишен договор со „гаучосите“.

– Ми се оствари сонот. Отсекогаш мечтаев да бидам селектор на Аргентина. Потпишав договор до Светското првенство 2022 година. Верувам дека можеме да направиме добри резултати и да го израдуваме народот на Аргентина, изјави Сампаоли на неговата промоција.

Тој првиот натпревар на селекторското место ќе го има на 9 јуни з акога е закажан пријателски меч со Бразил на неутрален терен во Мелбурн, Австралија.

Првиот предизвик Сампаоли во квалификациите за СП 2018 ќе го има на 31 август против Уругвај.

Аргентина се наоѓа на 5.место во јужноамериканските квалификации и се бори да обезбеди директен пласман на Мундијалот во Русија.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска