Сампаоли: Не сум имал состанок со АФА

Од:

Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли ги демантира пишувањата во медиумите дека имал средба со раководството на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). „Гаучосите“ се во потрага по селектор по отказот на Едгард Бауса поради лоши резултати во квалификациите за СП 2018.

Оттогаш се шпекулира дека чилеанскиот стручњак ќе ја преземе Аргентина, а пред неколку дена една аргентинска телевизија јави за воспоставен контакт меѓу тамошниот сојуз и адвокатот на Сампаоли.

– Не знам ништо за тој состанок. Не сум се состанувал со никого. Што се однесува за состанок на други луѓе, за тоа треба нив да ги прашате. Веќе зборував за мојата иднина во петокот и ништо од тогаш не се промени, изјави Сампаоли.

За целата ситуација со реакција излезе и Севиља. Клубот ја предупреди АФА дека Сампаоли е нивни тренер и дека неприфатливи се било какви состаноци без нивно знаење.

Би можело да ве интересира

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

ВИДЕО: Меси ја однесе Аргентина во четвртфинале и дуел со Холандија

Катерина Павлова-Николовска