Сампаоли ја презема одговорноста за катастрофата со Шпанија

Од:

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Хорхе Сампаоли вината за синоќешниот убедлив пораз од Шпанија ја префрли кон себе и побара новинарите и јавноста да не ги обвинуваат играчите.

– Јас ја преземам целата одговорност. Не ги обвинувајте играчите за овој кошмар. Но разликата меѓу селекциите не беше толкава колку што покажува резултатот. Ја научивме лекцијата и тоа сигурно нема да се повтори, рече Сампаоли.

Аргентина синоќа загуби од Шпанија со 6:1 што е трет нејзин таков пораз во историјата.

По очајните квалификации во кои „Гаучосите“ со крајни напори изборија пласман на Светското првенство, Сампаоли повторно е на „тапет“ кај Аргентинците, најмногу поради изборот на играчите кои настапија против Шпанија.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска