Само вакцинирани навивачи на Мундијалот 2022 во Катар

Од:

Вакцинација против коронавирус ќе биде задолжителен услов за странските навивачи на Светското првенството фудбал што идната година ќе се одржи во Катар, соопштија денеска организаторите.

Катарскиот премиер шеик Калид бин Калифа бин Абдулазиз АлТани посочи во изјава за локалните медиуми дека оваа заливска држава ќе се обиде да обезбеди еден милион дози вакцини за навивачите, кои сакаат да присуствуваат на Мундијалот.

– Катар нема да им дозволи на навивачите да влезат на стадионите без да бидат целосно вакцинирани против вирусот, најави катарскиот премиер.

– Во моментов преговараме со компанија за обезбедување еден милион дози вакцини против коронавирусот за имунизација на луѓето, кои ќе дојдат на завршниот турнир, додаде Ал Тани.

Катар од почетокот на пандемијата на коронавирус регистрираше 585 смртни и 220.000 заразени случаи.

Катар ќе биде првата блискоисточна држава во историјата која ќе биде домаќин на Светско првенство во фудбал. Мундијалот треба да почне на 21 ноември 2022 година.

Би можело да ве интересира

Пенал по само пет секунди во африканските квалификации за СП 2022, најбрз во историјата

Ана Ололовска

Франција ја продолжи низата без победа, Данска со максимален ефект во мундијалските квалификации

Ана Ололовска

Пацоли ќе ги награди косовските фудбалери доколку ја победат Шпанија

Катерина Павлова-Николовска

Белгија и го нанесе најголемиот пораз во историјата на Белорусија

Ана Ололовска

Шпанија собори рекорд по најмногу натпревари без пораз во квалификациите за СП

Ана Ололовска

ВИДЕО: Скандалозно однесување на Несторовски, пцовки за нацијата во камера

Катерина Павлова-Николовска