Само Меси знае да направи хет-трик со голови од прекин

Од:

Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, со трите гола синоќа против Селта Виго, постави еден необичен рекорд во шпанското првенство.

Аргентинскиот ас стана првиот фудбалер кој на еден меч направил хет-трик со два гола од слободен удар и еден од пенал. Три гола од прекин на ист поединец на еден натпревар во Шпанија не беа видени од 5 мај 2012 година кога играа Барселона и Еспањол. И тогаш Меси даде три гола, но два од пенал, а еден од слободен удар.

Во последните осум сезони, Меси има постигнато дури 29 голови од слободен удар. Не само што е најдобар во оваа категорија меѓу играчите, туку нема ни клуб во Европа со таква бројка. Јувентус има 27 гола од слободен удар, Реал Мадрид 23, Рома и Лион по 21.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска