Салах: ВАР значи повеќе пенали за мене

Од:

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека не го сака системот за видео-повторувања (ВАР), но е уверен дека ќе доведе до повеќе пенали за прекршувања против него во шеснаесетникот.

Египќанецот во изминатите две сезони освои голем број удари од 11-метри за неговиот тим, а понекогаш беше обвинуван дека премногу лесно паѓа во шеснаесетникот.

Според него, видео-повторувањата ќе доведат до уште повеќе пенали.

– Не го сакам ВАР. Ми се допаѓа фудбалот како што е, со грешките на судиите, со агресијата на играчите. Убаво е понекогаш да се заштитат играчите, за мене ова може да биде единствената причина за постоењето на ВАР. Но, инаку го прифаќам фудбалот со грешките на судиите, грешки на играчите, сè. Така, играта е поинтересна. Но, ВАР ќе значи повеќе казни за мене, прокоментира Салах за Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска